петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Избега уште еден затвореник, полицијата го најде по два часа

Избега уште еден затвореник, полицијата го најде по два часа

На ул.”Маџари” денеска околу 14:20 часот, од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Џ.Д.(24) од Скопје.

-За него била распишана локална потерница по објава од Полициска станица Чаир, каде во 12.00 часот било пријавено дека избегал од Казнено-поправната установа Затвор Скопје. Лицето е приведено во Полициска станица Гази Баба, а потоа спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната,информира МВР.