среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Избегната трагедија: Со автомобил сакал да прегази група на луѓе, за среќа возилото се изгаснало

Избегната трагедија: Со автомобил сакал да прегази група на луѓе, за среќа возилото се изгаснало

На 25.05.2023 околу 19:00 часот во с.Секирци полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Б. (35) од с. Пешталево.

Тој управувајќи го своето патничко возило „поло“ тргнал кон група луѓе кои биле собрани на среде селото, но бидејќи возилото се изгаснало, тоа сопрело, а повредени лица нема.

Ф.Б. се обидел да избега, но бил спречен, а подоцна и приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.