петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Изгореа три деца во пожар во Велес

Изгореа три деца во пожар во Велес

Три деца попладнево изгореа во пожар што избувнал во нивната куќа, која се наоѓа под ридот Вршник во Велес. Според првичните информации од надлежните, пожарот избувнал околу 15.30 часот, кога родителите биле отсутни од домот, јавува порталот СДК.

Куќата се наоѓа во шума во тешко пристапен терен, отсечена од најблиските објекти до Велес. Според првичните информации, семејството е социјално загрозено, а во објектот долго време немало ниту вода ниту електрична енергија.

Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

ФОТО: СДК