недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Изгубил контрола и паднал од мопед на „Партизанска“, завршил во болница со тешки повреди

Изгубил контрола и паднал од мопед на „Партизанска“, завршил во болница со тешки повреди

Во СВР-Скопје вчера во 18 часот било пријавено дека на булеварот „Партизански Одреди“ наспроти Трговскиот центар „Порта Влае“ Б.Л. (61) од Скопје управувајќи мопед „бенели“ изгубил контрола и паднал од мопедот.

Б.Л. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.