На 30.07.2021 околу 11.10 часот во полициската станица Кичево било пријавено дека на локалниот пат за с.Староец-Кичево, П.Г.(67) од Кичево, управувајќи патничко возило „опел астра“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информира МВР.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.