четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Излетало возило кај Миладиновци, совозачот е тешко повреден

Излетало возило кај Миладиновци, совозачот е тешко повреден

На 14.9.2022 во 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, во близина на наплатна рампа Миладиновци и надвозник од клучка „Окта“, патничко моторно возило „шкода форман“ со полски национални ознаки, управувано од М.С.Н.(39) од Полска, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.

По несреќата совозачот М.М.Д.(47) од Полска бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен Јавен Обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.