недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Изнајмил патничко возило од фирма, па не го вратил – маж доби кривична

Изнајмил патничко возило од фирма, па не го вратил – маж доби кривична

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Ј.Р. од село Врапчиште поради постоење основи на сомнение за кривично дело „затајување“.

На 12.07.2022, пријавениот од правно лице од Виница изнајмил патничко возило „фолксваген“ во времетраење од 19 дена, а по истекот на договорениот рок не го вратил патничкото возило, со што му нанел штета на правното лице во износ од 361.500 денари.