Денеска (26.05.2023) околу 16 часот пред трговски центар на подрачјето на Скопје полициски службеници од СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје ги лишиле од слобода К.С. (28) и Д.Н. (42) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело изнуда по член 258 од Кривичниот законик.
Тие неколку пати со закани и употреба на сила изнудувале пари од 34-годишно машко лице од Скопје.
Денеска на оштетениот му го одзеле клучот од неговиот автомобил, по што веднаш се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.