вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Изречени 24 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип

Изречени 24 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип

Во текот на вчерашниот ден на територијата на СВР Штип спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 24 возачи.

Од нив осум возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.