четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Извршен разговор со 16-годишниот од тетовско кое изврши сквернавење на македонското знаме – расчистен случајот, еве ги деталите

Извршен разговор со 16-годишниот од тетовско кое изврши сквернавење на македонското знаме – расчистен случајот, еве ги деталите

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти случајот со сквернавењето на државното знама на Република Македонија од страна на момче, кое снимило и видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“.

Во текот на вчерашниот ден (16 март) во Полициската станица Тетово повикан е 16-годишник од тетовско, со кого во присуство на неговиот родител, извршен е службен разговор и по целосното документирање на случајот, за малолетникот ќе биде изготвен соодветен поднесок до ОЈО Тетово по член 319 и 394 од Кривичниот законик.