сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ја чувал дома и во неговата продавница за обувки во Охрид: Пронајдена голема количина пиротехника

Ја чувал дома и во неговата продавница за обувки во Охрид: Пронајдена голема количина пиротехника

Охридската полиција пронашла и одзела 13.000 парчиња пиротехнички средства од 44-годишниот И.Ш. од Охрид.

СВР Охрид денеска соопшти дека пиротехниката е најдена при претрес во домот на И.Ш. на улицата „Гоце Делчев“, а потоа и во неговата продавница за обувки лоцирана во Градскиот пазар во Охрид.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против И.Ш. ќе поднесе соодветна пријава.