На 04.05.2021 во 16:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле З.А.(43) од Велес.
Приведен е поради постоење основи на сомнение дека околу 14:15 часот физички ја нападнал неговата сопруга и со остар предмет упатил закани кон членови на неговото семејство.
По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.