петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ја пренасочил водата од Злетовска река, па дошло до изумирање на растителниот и животинскиот свет

Ја пренасочил водата од Злетовска река, па дошло до изумирање на растителниот и животинскиот свет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Б.(58) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“.

На 17.07.2023, пријавениот како ракооводител во АД „Водостопанство на РМ“ – подружница „Брегалница“ – Кочани задолжил вработени лица да извршат пренасочување на водата од Злетовска река во каналот за наводнување на оризовите полиња, при што не бил оставен проток на вода во реката, а од таквите дејствија дошло до исушување на речното корито и изумирање на растителниот и животинскиот свет.