сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ја заклучил мајка му дома, па нападнал полицајци: Момче од кумановско однесено во затвор

Ја заклучил мајка му дома, па нападнал полицајци: Момче од кумановско однесено во затвор

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.А.(23) од с.Љубодраг, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 03.11.2020 во семејната куќа во с.Љубодраг, пријавениот, по вербална расправија, ја заклучил неговата мајка Н.А.(44) во нивниот дом, заканувајќи се да не повика полиција.

Со помош на соседи таа повикала полиција, а откако Н.А. ги забележал полициските службеници, се обидел со остар предмет да ги повреди, по што самиот си нанел повреди.

По укажаната помош во кумановската болница пријавениот, на 04.11.2020 бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање.