понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Јапонци за 1 Мај преживеале хорор кај Катланово

Јапонци за 1 Мај преживеале хорор кај Катланово

Во Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера околу 15.00 часот пријавено е дека на локалниот пат од село Катланово кон село Брезница, додека Ш.К. (54) и Х.К (48), двајцата од Јапонија, се движеле со велосипеди, им се приближило патничко моторно возило „Форд“ во кое имало три непознати лица кои излегле од возилото и физички ги нападнале.

Ги турнале од велосипедите и им одзеле 3.000 евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „Ајфон“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.