СВР Штип поднесе кривичнa пријавa против П.Т.(41) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 27.07.2021, надзорници во Казнено-поправната установа Затвор Штип извршиле претрес кај пријавениот – осуденик во затворот, при што пронашле хероин.