Денеска (06.07.2022) во 11.25 часот во трговски центар на бул.„Крсте Петков Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Ј.(44) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.