вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Камион удрил во 75-годишен пешак во Неготино

Камион удрил во 75-годишен пешак во Неготино

Товарно возило удрило во седумдесет и пет годишен пешак вчера во Неготино, возрасниот маж бил повреден и по укажаната помош во Здравствен дом Неготино, бил упатен на домашно лекување. Ова го соопшти денеска Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.

– Несреќата се случила околу 12 часот на улицата Јане Сандански, тогаш возилото марка „ситроен нено“ со неготински регистарски ознаки, удрило во пешакот додека се движело наназад, информираше Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициска станица од општа надлежност Неготино.