среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

КАРАМБОЛ СО ЧЕТИРИ АВТОМОБИЛИ – се судрија „Даеву“, „Опел“ и два „Фолксвагена“, еве ги деталите

КАРАМБОЛ СО ЧЕТИРИ АВТОМОБИЛИ – се судрија „Даеву“, „Опел“ и два „Фолксвагена“, еве ги деталите

Во Полициската станица Кочани вчера во 15.58 часот било пријавено дека на ул.„Страшо Ербапче“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(62) од Кочани, патничко возило „фолксваген“, управувано од К.П.(49) од Кочани, патничко возило „фолксваген“, управувано од С.Р.(36) од Кочани и патничко возило „опел“, управувано од Ј.Б.(54) од Кочани, сите со кочански регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле К.П. и сопатничка од возилото „опел“, Н.Б.(50) од Кочани, а Ј.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани и Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.