На 26.09.2022 во полициската станица во Кавадарци, 40-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 19.000 денари.
Според пријавеното лицето му се јавило и му порачало да му изработи кујна, а капар ќе му даде во текот на денот во Велес.
Како што е пријавено, во меѓувреме лицето повторно му се јавило и го замолило пријавителот да однесе 19.000 денари на друго лице од Кавадарци на кое му должело пари, а дека ќе му ги врати при подигање на капарот во Велес.
Исто така, според пријавеното, откако ги однел парите отишол во Велес и не успеал телефонски да го добие лицето, сфатил дека е измамен.
ОВР Кавадарци презема мерки за расчистување на случајот.