среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 103 возачи на мотоцикли во Скопје – еве какви прекршоци направиле

Казнети 103 возачи на мотоцикли во Скопје – еве какви прекршоци направиле

Денеска (05.06.2022) спроведена е  засилена акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 103 возачи.

Од нив, 63 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 27 возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, порачуваат од МВР.