Вчера (03.08.2023) во периодот од 16:30 до 23:30 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Чаир во Скопје.
При контролата санкционирани се 109 возачи, од кои 41 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 15 санкции возачи на мотоцикл кои не користеле заштитна кацига за време на возење, седум мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за непрописно паркирани возила…
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.