среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 159 пешаци, 125 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин

Казнети 159 пешаци, 125 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин

Во текот на вчерашниот ден (17.02.2022) во периодот од 16.00 до 20.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 159 пешаци од кои, 125 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 11 за минување на црвено светло… Од нив 58 на територија на СВР Скопје, 24 на територија на СВР Битола, 23 на територија на СВР Куманово…

За време на контролата регистрирани се и 162 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.