вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 216 возачи, 41 управувале под дејство на алкохол

Казнети 216 возачи, 41 управувале под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 41 мерка за возење под дејство на алкохол, 30 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се 14 мерки за возач почетник, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест за некористење сигурносен појас, четири мерки за користење мобилен телефон.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.