Министерството за внатрешни работи во период од 27 септември до 3 октомври спроведе контрола за санкционирање возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) и користење на уреди за светлосни и звучни знаци, при што санкционирани се 24 возачи, информираат од МВР.
– Од нив, 23 возила имале вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), а едно возило поседувало уреди за светлосни и звучни знаци, соопштија од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од полицијата и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.