Денеска (21.02.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Штип за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа санкционирани се 33 пешаци од кои, 27 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување направилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.