Во седумдневната акциска контрола на полицијата спроведена од 28 јуни до вчера, казнети се 33 возачи ко управувале возила со затемнети стакла и поседувале уреди за светлосни и звични знаци.
Како што соопшти МВР, од санкционираните, 31 вградиле неатестирани фолии (затемнети стакла), а двајца користеле уреди за светлосни и звучни знаци.
Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а најавија дека контролите продолжуваат.