Денеска (11.04.2022) во периодот од 08:00 до 13:00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле засилени контролни мерки на обврските на возачите кон пешаците, во кои биле откриени и санкционирани вкупно 35 прекршоци (ТЕ-28 и ГВ-7).
При контролата, исто така, санкционирани се и 8(ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.