Денеска 23.06.2022, во периодот од 12 до 18 часот, полициски службеници на СВР Куманово спроведоа акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 43 прекршоци.
Најголемиот број од прекршоците (33) се однесувале на некористење на заштитна кацига и на управување без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа- 6.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.