Денеска (25.08.) полициски службеници од СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 46 возачи. Од нив, петмина возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а двајца со дури над 70 километри на час над дозволената брзина.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.