Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово денеска (24.01.2021) спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на територија на општина Липково.
Санкционирани се 48 возачи, од кои 35 за возење со брзина над дозволената, а пет за возење без возачка дозвола. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата.