Денеска (26.03.2022) во периодот од 10:00 до 18:00 часот спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 50 возачи.
Од нив, 24 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, шест возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени согласно член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а санкционирани се и други прекршоци.
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.