петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 62 возачи поради непрописно престигнување на територија на СВР Тетово

Казнети 62 возачи поради непрописно престигнување на територија на СВР Тетово

Денеска (30 септември) од 08 до 14 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за престигнување, во рамките на која вкупно биле откриени 62 прекршоци ( 28 на територија на Тетово и 34 на територија на Гостивар).

Сите прекршоци се санкционирани со адекватни поднесоци. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.