вторник, 9. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 67 возачи на овој македонски автопат, возеле многу брзо

Казнети 67 возачи на овој македонски автопат, возеле многу брзо

Денеска (20.07.) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 67 возачи.

10 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица дури над 70 километри на час над пропишаната брзина.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.