петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 70 возачи во населбата Ченто во Скопје

Казнети 70 возачи во населбата Ченто во Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во периодот од 10 до 16 часот била спроведена засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на населба Ченто во Скопје.

При контролата, како што посочуваат од МВР, санкционирани се 70 возачи од кои 29 за вградени фолии без А -тест, 10 без возачка дозвола, три за технички неисправни возила, две нерегистрирани и 26 по останати прекршоци.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.