петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 79 возачи поради недавање првенство на минување

Казнети 79 возачи поради недавање првенство на минување
Police officer holds the stop sign in his hand in Belgrade, Serbia. 22.04.2017. Mondo/Stefan Stojanovic

Денеска (30.06.2022) во периодот од 09:00 до 14:00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои недаваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 79 возачи.

Од нив, 21 на територијата на СВР Тетово, 19 на територија на СВР Битола, 15 на територијата на СВР Куманово.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.