петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 83 возачи во Велес

Казнети 83 возачи во Велес

Денеска (11.10.2021) во периодот од 13.00 до 19.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 83 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.