На 19.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 25 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 15 возачи, од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач-почетник кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, четири возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се 14 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 77 мандатни платни налози и 84 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.