Синоќа (03/04.09.2021) во периодот од 23 од 05 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што санкционирани се 102 возачи.
Тие биле исклучени од сообраќај.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.