петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

КАЗНИ НА СИТЕ СТРАНИ: Возачи внимателно – полицијата санкционирала 335 возачи!

КАЗНИ НА СИТЕ СТРАНИ: Возачи внимателно – полицијата санкционирала 335 возачи!

Во текот на вчерашниот ден (15.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 335 возачи. Од нив, 20 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 178 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 157 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.