Основното јавно обвинителство Тетово до Основниот суд Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против 12 лица, обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво според член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Како што се наведува во соопштението, тие за време на полицискиот час воведен поради спречување на ширењето на коронавирусот за време на викендот биле затекнати како се движат на различни локации во градот.
Надлежните јавни обвинители му предложија на Судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.