На 05.05.2023 во 08:30 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица – Полициска канцеларија Богданци го лишиле од слобода Ѓ.Т.(47) од Богданци.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.