На 03.08.2022 околу 22.00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Г.Д.(43) од кичевското село Гарани.
При претрес, извршен по судска наредба, во неговиот автомобил „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, полициските службеници пронајдоа и одзедоа седум мали ќеси со бела прашкаста материја.
При извршен претрес во неговиот дом, пронајдени и одземени се еден куршум калибар 7,62 милиметри, 42 банкноти од различни валути и апоени, како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.