недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Ќе одговара бидејќи не дала снимки од видео надзор, еве како ја излажала полицијата

Ќе одговара бидејќи не дала снимки од видео надзор, еве како ја излажала полицијата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против М.Н.М.(42) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“.

Пријавената, управител во правно лице од Виница, на 04.10.2021, постапила спротивно на наредба од Основен суд Крива Паланка за одземање на видеозаписи од правното лице, односно не ги дала снимките од видео надзорот, кои биле побарани со цел откривање на пријавено кривично дело.

Пријавената изјавила дека поради наводна техничка грешка настанот не бил сниман.