Кочанчанец на 27-годишна возраст заработи кривична пријава и осомничен е за кривично дело „обид за силување“, откако се обидел насилно да изврши обљуба врз 33-годишна жена.
Според извештајот на МВР, кочанчанецот на 28 декември, околу 17 часот, насилно се обидел да изврши обљуба врз Н.А. (33) во нејзиниот дом.
Во тој момент во куќата влегле неговите сестра и стрина кои што го спречиле во намерата.