сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кога требало да биде затворен, објектот имал 20 гости: Насилник спречен да истепа инспектори

Кога требало да биде затворен, објектот имал 20 гости: Насилник спречен да истепа инспектори

На 02.04.2021 во 21.35 часот, инспектори во Државниот пазарен инспекторат Тетово извршиле контрола во угостителски објект во с.Порој, тетовско, сопственост на Ш.К. од с.Порој, при што констатирале дека објектот работи по дозволеното време и во него биле затекнати над 20 лица – гости.

По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик.

Според пријавеното, за време на преземање на службените дејствија, инспекторите биле попречувани од М.Б. од с.Порој, кој се обидел и физички да ги нападне, но бил спречен од присутните. По целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.