Двајца тетовци се приведени вчеравечер откако полицијата пронашла дрога во возилото во кое се наоѓале.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски истакнува дека околу 22:50 часот во тетовско Боговиње полициски служебници извршиле претрес над Џ.Х.(26) и С.С.(22) и на возило „БМВ“ при што пронајден е кокаин и марихуана.
По приведување двајцата задржани се во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.