недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Контроли во угостителски објекти, констатирани осум прекршоци

Контроли во угостителски објекти, констатирани осум прекршоци

Полициски службеници од Одделот за униформирана полиција на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Охрид, СВР Куманово, СВР Велес и СВР Тетово, во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, утринава во периодот од 0:00 до 4:00 часот спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на 185 локации. Притоа, констатирани се пет прекршоци за присуство на малолетници после 00:00 часот, и тоа на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Куманово, СВР Велес и СВР Тетово.

При контролите, како што информира МВР, бил констатиран и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје на подрачјето на скопски Чаир, при што кај Д.Т.(25) од Скопје бил пронајден и одземен нож, како и два прекршока по Законот за лична карта на подрачјето на СВР Куманово.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат поради констатирани неправилности запечатени се два угостителски објекта, едниот во Сарај, а другиот во село Арнакија.