При контрола на угостителски објект во Тетово приведени се три странски државјанки за нелегален престој, додека гостиварчанец поради поседување нож. Контролата ноќеска околу 1:30 часот, во угостителски објект во тетовско Жеровјане, сопственост на 31-годишниот А.А. од Боговиње.
-При акциска контрола затекнале и привеле три странски државјанки, А.У.(24) од Русија, О.К.(33) од Украина и Ј.Г.(28) од Србија, поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно дека престојувале спротивно на целта. Трите странски државјанки се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка. Во објектот приведен е, исто така, и 26-годишниот гостиварец Е.Ф., кај кого бил пронајден и одземен нож и на кој ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
При контролата изготвени биле и 15 поднесоци за констатирани прекршоци по Законот за пушење.