На 10.03.2023 во 16,15 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ од полициски службеници е лишен од слобода Д.В.(23) од Р.Косово затоа што при извршени проверки во службената евиденција било констатирано дека за истиот евидира мерка „Апси“ по телеграма од Секторот за меѓународна полициска соработка, Одделение за потраги при Бирото за јавна безбедност.
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициско одделение Мирковци за понатамошна постапка.